Мала вертикална градина во која сам растe микро-зеленчук за 10 денови

Малата вертикална градина наречена EcoQube е нов изум кој овозможува во домашна атмосфера да расте микро-зеленчук за 10 дена, користејќи единствено вода за полевање.

Таа е компактна и не бара многу одржување, дизајнот е идеален за стан, дом и канцеларии од сите големини. Оваа градина овозможува брзо да растат хранливите извори на храна, без посебна грижа за полевање и одгледување на растенијата.

Фирмата „Aqua Design Innovations“, чиј производ е градината, започна како проект на онлајн плтформата за собирање средства „Кикстартер“ и доби огромна поддршка и успех. Групата трипати ја зголеми својата цел и собра повеќе од 30.000 долари во првите 40 минути на crowdfunding кампањата.

EcoQube содржи два дела со една рампа за секој дел. Секоја рампа има стотици мали џебови кои имаат семе за растенијата да можат да да никнат рамномерно. Резервоарот содржи вода која ги обезбедува сите потребни хранливи материи за успешна ртење.

„Навистина е наједноставниот, најлесниот и најкомпактниот начин за огледување на растенија во затворено, вертикално без почва”, велат дизајнерите.

„Ова е исто така одлично за оние кои не се чувствуваат способни за одгледување растенија. Бидејќи резервоарот автоматски ги полева растенијата, вие повеќе не мора да се грижите за наводнувањето или ртењето – што е вообичаен проблем при одгледување на растенија или микро-зеленчук“.

Сите делови на EcoQube се направени од природни, 100 проценти компостирачки влакна, кои обезбедуваат доволно вода за да се овозможи растењето на растенијата.