Мала детска школа за архитектура

Во рамките на Биеналето на Македонската Архитектура (БИМАС) на 16 септември ќе се одржи детска тура и работилница наречена „Мала школа за архитектура“.

Според Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ), оваа работилница ќе им даде вовед на децата за нивниот град и како да го читаат и доживуваат изграденото ткиво што секојдневно ги опкружува.

„Архитектурата е насекаде, но никој не нè учи како да ја разбереме и уживаме таа комплексност што ја нуди градот. Преку разни игри и креативни методи, децата ќе научат како да ја набљудуваат и разберат околината како однос помеѓу изградената форма и празните простори кои ја опкружуваат“, велат од ААМ.

Целта на работилницата е повеќе да го сакаат и разбираат градот и да им се отворат нови креативни видици кои ќе ги подготват во иднина да превземат улога на активни граѓани во формирање на својата непосредна околина во која живеат и функционираат.

Времетраење на работилницата е од 10 до 13 часот, а почетна локација е ГТЦ, кон паркот „Жена-борец“. Препорачана возраст е од 8 до 12 години.

Повеќе информации за работилницата ТУКА.