Мал новогодишен саем на книги во ГЕМ (#4)

Од 21 до 28 декември во ГЕМ Клубот во Стара чаршија ќе се одржи новогодишен саем на книги на кој ќе учествуваат Темплум, Бегемот, Култура, Слово, Табахон, Сигма Прес, Готен, Блесок, Аз-Буки и Фабрика Књига.

Мал новогодишен саем на книги во ГЕМ (#4)

ПРОГРАМА

Сабота, 21.12., 20 часот
Поезија овде и сега (поетско читање)
Учествуваат: Јовица Ивановски, Николина Андова, Никола Маџиров, Џабир Дерала, Снежана Стојчевска, Владимир Мартиновски и Ана Голејшка. По читањето на најавените автори, микрофонот е отворен за сите што сакаат да прочитаат песна.

Среда, 25.12., 20 часот
Промоција на новиот број на списанието Маргина посветен на 50-годишнината од скопскиот земјотрес
Разговор со Влада Урошевиќ

Петок, 27.12., 12 часот
Доделување на наградата „Новите!“ за 2013 година

Петок, 27.12., 20 часот
Промоција на четири наслови во едицијата Квир Сквер на Темплум
промотори: Ирена Цветковиќ, Славчо Димитров

Сабота, 28.12., 12 часот
-Промоција на деца автори и автори за деца
-Креативна работилница и многу забава за деца. Најдобрите детски креации ќе бидат наградени со новогодишно пакетче со книги.
-Промоција на „Обоени приказни“ од Нина Прља (8 години)

Саемот ќе работи секој ден (освен недела) од 11 до 21 часот.

Извор: Окно