Македонското џез трио „Светлост“ го издаде својот нов албум „Jazz (to the working class)“

Утре, со почеток од 21 часот, Скопското џез трио „Светлост“ ќе го промовира својот нов албум „Jazz (to the working class)“ во скопскиот локал „Котур“. Албумот е издание на продуцентската куќа „ПМГЏез“ која е ориентирана кон издавање на македонски џез изданија.

„Светлост“ е џез трио од Скопје, веројатно најдобро скриената музичка тајна во земјава. Работата на Дени Омераѓиќ (бас/синтисајзери), Нинослав Спировски (саксофон/кларинет) и Кристијан Новковски (тапани) е добро позната на светската џез јавност. Нивниот деби албум „Odron Ritual Orchestra“ (2019), стана дел од сите релевантни годишни џез листи и доби неверојатно позитивни критики. Сето тоа резултираше со неверојатен интерес за овој албум и состав, по што „Светлост“ успеа да продаде импозантен број на изданија, преку водечката светска он-лајн продавница „BandCamp“.

Во својот албум, „Jazz (to the working class)“ се забележува нивниот активен, па и амбициозен однос кон слободниот џез и акцентот кон македонската етно музика, со што публиката добива изненадувачки оригинално и автентично парче музика.

На утрешната промоција во „Котур“, „Светлост“ ќе настапат во полн состав, а албумот ќе биде достапен по промотивна цена.

„Jazz (to the working class) може да го набавите и он-лајн.

Во продолжение слушнете го нивниот претходен албум, „Odron Ritual Orchestra“, кој ги воодушеви вљубениците на џезот ширум светот.

Дизајнот на новиот албум „Jazz (to the working class)“