Македонското друштво на студенти физичари организира набљудување на транзитот на Меркур

Во понеделник, (9 мај), ќе се случи редок настан – транзитот на Меркур, кој се случува еднаш на десетици години. Планетата Меркур по својата 88 дневна орбита, ќе помине преку дискот на Сонцето. Настанот ќе биде видлив во Македонија, во периодот од 13 до 19:30 часот

На терасата на Природно-математичкиот факултет, Македонското друштво на студенти физичари ќе постават телескоп со кој ќе може да се набљудува оваа појава.

„Во никој случај не се обидувајте да го набљудувате Сонцето директно со голо око или било каков незаштитен оптички апарат (двоглед, дурбин и сл)! Директното набљудување на Сонцето завршува со сериозни последици по вашето око. Единствено набљудување е возможно со специјализирани соларни филтри коишто нашиот телескоп ги поседува. Се гледаме на ПМФ!“, предупредуваат студентите од ПМФ.