Младите стрип-автори од Македонија постигнаа голем успех на Меѓународниот конкурс за стрип под мотото „Сè што сакаме да речеме е: дајте му шанса на помирувањето“, организиран од Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка, Србија. Конкурсот се реализираше во партнерство со Creative City Center од Албанија и соработници од Србија и Албанија, а поддржан е од Младинскиот фонд за култура на Западен Балкан (WBYCF), пренесува новинската агенција Мета.
Натпреварот беше наменет за ученици од основните и средни училишта во Србија, Албанија и Северна Македонија.
Според оперативниот координатор на проектот, Томе Трајков, во категоријата средношколци наградени се:
- Матеа Аризановска – Скопје
- Викторија Асаматај – Валона, Албанија
- Елена Апостолова – Скопје
Специјални награди во оваа категорија добија:
- Матија Стаменковиќ – Лесковац, Србија (за колор)
- Урош Гајиќ – Рашка, Србија (за приказна)
- Андреа Младенова – Скопје (за техничко изразување)
- Во категоријата основци, од вкупно 140 пријавени учесници, наградени се:
- Михаела Ордев, Иван Тасева и Јована Салтирова – Свети Николе
- Ива Давидовска – Крива Паланка
- Јасмина Јовчевска – Скопје
- Кристина Маркоска – Брвеница
Специјални награди во оваа категорија им беа доделени на:
- Вук Стојановиќ – Лесковац, Србија (за боја)
- Ардеа Соколи – Валона, Албанија (за порака)
- Јанко Јанковиќ – Врање, Србија (за уметнички израз)
Жирито го сочинуваа Горан Трајковиќ (Рашка, Србија), Славица Купенкова (Скопје) и Валбона Абдулај (Валона, Албанија).
Посебно беше нагласен и трудот на менторите кои работеа со младите автори од трите земји. Меѓу нив се: Сузана Ќелешоска, Ивана Настеска, Лина Тренкоска, Илко Стојановски, Марко Стојановиќ, Снежана Стефановска, Даниела Стојчева Илиев, Пале Јовановска, Валентина Штеркова Лукарева, Иванка Тодорова Милошевска, Кристина Стојанова – Имагинариум, Силвана Ѓуровска, Ване Ѓорговски, Татјана Антевска Маркоска, Игбал Мемиши, Мег’Вана Авдулај и Јонида Малила.
Наградите и дипломите ќе бидат свечено доделени на отворањето на Меѓународната стрип колонија во Рашка, Србија, која ќе се одржи од 18 до 22 јули, соопшти Трајков.