Македонските композитори во Британија го поддржаа движењето #Протестирам

Композиторите-Македонци кои живеат и работат во Велика Британија преку писмо изразуваат поддршка за движењето #Протестирам:

„Изразуваме сесрдна поддршка на протестите на граѓанските здруженија низ Македонија и ги повикуваме сите граѓани без разлика на политичка, верска, и национална припадност, мирно и ненасилно, но во исто време одлучно и истрајно, да делуваат во правец на морално, културно, и уметничко ”ресетирање” на ”инфицираното” општество. Македонија има потенцијал да ја надмине кризата но потребна е заемна поддршка и поврзување помеѓу сите ”ресетирани” индивидуи за да се ”ресетираат” сите ”инфицирани” здруженија, политички партии, образовниот систем, здравстовото и судството. ПРОТЕСТИРАМ за правда и слободно изразување! Доста “барокни” шампити и криминал, да создаваме креативни градби и хумано општество!“, се вели во писмото на композиторите: Михаило Трандафиловски, Панде Шахов, Никола Коџабашија и Мирослав Спасов.