Македонскиот скулптор Жарко Башески ќе изложува во Кралската палата во Милано

Македонскиот скулптор Жарко Башески ќе претстави две свои дела на интернационалната концептуална изложба која ќе се одржи во Кралската палата во Милано под насловот насловот „Corpus Domini: Dal corpo glorioso alle rovine dell’anima“.

Изложбата која за публиката ќе се отвори на 27 октомври, а ќе трае до 22 јануари 2020 година е во организација на Кралската палата и Општина Милано.

Башески е инаку познат по делата изработени во хиперреалистичен манир кои се дел од најеминентни меѓународни изложби, а на оваа изложба ќе се претстави со скулптурите „Вон…“ и „Автопортрет 1“, заедно со 33 други меѓународни признаени уметници и вистински икони на современата уметност.

Според организаторот, изложбата е резултат на заедничката работа на уметниците, музеите, фондациите, архивите, галериите и колекционерите од Италија и од други земји, со цел да понудат преиспитување на концептот на човештвото по шокот и пресвртот предизвикан од Ковид-19.

Радио МОФ претходно разговараше со Башески во врска со неговата аукција за NFT уметничко дело.

„Новите искуства се секогаш добредојдени во уметноста“ – Башески отвори аукција за NFT уметничко дело