Македонскиот филм „Дедо и внук“ од вечерва со проекции во Скопје

Новиот македонски филм „Дедо и внук“, во режија на Илија Пиперкоски, од денеска ќе почне да се прикажува во киното „Милениум“ со почеток од 20 часот. Главните улоги на филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и Наум Цветкоски.

Сцена од филмот „Дедо и внук“

„Има ли цена и колку чини детскиот живот? Дали сенките на минатото секогаш и без исклучок не стигнуваат и го задаваат немилосрдниот удар? Вреди ли да се живее без љубов и без болка?“, се прашањата на кои режисерот дава одговор, стои во најавата за филмот.

Претходно, филмот премиерно беше прикажан во Битола и Охрид.