Македонскиот филм „Црни и Криви“ доби две награди на фестивал во Романија  

По наградата од публика, уште една добра вест стигнува од Романија за филмот „Црни и Криви“. Овој пат, од жирито на романскиот фестивал „12 Months Film Festival“ во Клуж-Напока доби трето место во категоријата „Продуцент на месецот“.

Краткометражниот филм чиј режисер и сценарист е Марко Џамбазовски во 2018 година патуваше низ 20 фестивали, 12 држави и три континенти, а во новата 2019 е најавена проекција во Скопје.

Филмот ја следи приказната за Црни и Криви, двајца другари кои во еден момент сфаќаат дека се останати без пари и пиво. Решаваат да ограбат продавница употребувајќи играчки пиштоли и детски маски, но ќе наидат на многу пречки.