Македонскиот „Dogs of War“ се трка за прво место на меѓународен натпревар за краткометражни филмови

Македонскиот краткометражен филм „Dogs of War“ е единствениот претставник од Македонија кој учествува на престижниот натпревар за краткометражни филмови, „My Rode Reel“ и во моментов е на четврто место, од 1612 пријавени филмови.

„Dogs of War“ е снимен минатиот месец на неколку локации низ Битола. Филмот зборува за изборот помеѓу чесноста и материјализмот, користејќи ја приказната за еден разбојник фатен како ограбува воена патрола, чиј единствен спас од ситуацијата е да го изманипулира својот поранешен колега.

За поддршка на овој филм може да се гласа ТУКА.

Режисер на филмот е Бојан Соклевски, а сценарист Пеце Здравковски. Улогите ги играат Алек Ѓорѓиески, Димитар Даневски и Елизабета Јованоска. Филмската екипа е составена и од Ѓорги Вацев, Игор Георгиоски, Ристо Алчинов, Христо Стојаноски, Кети Талевска, Христина Тренчевска и Симона Јосифовска, а екипата на статисти и помошници ја сочинуваат Христијан Српчански, Филип Каранфиловски и Ангела Српчанска.

Минатогодишниот победник на натпреварот го објавуваме во продолжение: