Македонскиот блуз гитарист Igiman се натпреварува на светско ниво

Во тек е еден од најголемите натпревари за рок и блуз гитаристи, www.playcrossroads.com.  Пријавени се гитаристи и бендови од целиот свет, а неверојатен успех постигна токму еден кандидат.

Игор Станоевски, попознат како Igiman, е македонски блузер кој за кратко време постиМакедонскиот блуз гитарист Igiman се натпреварува на светско нивогна огромен успех, искачувајќи се помеѓу првите 20, и се појави на насловна страна како артист на денот, веднаш до светските имиња како Ana Popovic и Philip Sayce. Игор кариерата ја започнува на 16 години, кога неговиот талент е препознаен од Yamaha, и станува нивно заштитно лице за Македонија во 2003 година.

Помеѓу неговите бројни успеси, еден од најголемите е солистичкиот настап на Blues and Soul фестивалот, како и настапот со Gregg Wright , гитаристот на Мајкл Џексон. Музиката на Igiman може да ја преслушате ТУКА, и доколку ви се допадне, да изразите поддршка.

Натпреварот трае до 8 март, најдобрите 100 гитаристи ќе бидат разгледани од жири комисија, и еден од нив ќе има чест да свири со легендата Ерик Клептон.

Извор: Cooltura