Македонски велосипедисти за првпат го искачија Ухуру, највисокиот врв во Африка

Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Илија Деревјев се првите македонски велосипедисти кои го искачија врвот Ухуру, висок 5.895м.н.в. Ова е највисоката точка на планината Килиманџаро во Африка.

Тие пристигнале на врвот во 05:50 часот по локално време, во придружба на планинарите Ирина Дишовска, Кирил Начков и Филип Христов.

Нивното патешествие започна на 13 февруари од градот Аруша, на 1400 м.н.в.

Пристигнувајќи на „покривот на Африка“, велосипедистите испишаа нова историја за македонискиот велосипедизам.