Македонски студенти во странство: Прошетка низ студентскиот дом во Будимпешта

Македонски студенти во странство: Прошетка низ студентскиот дом во БудимпештаВеќе втора година Себијан Фејзула студира во главниот град на Унгарија. За Радио МОФ таа раскажува, каков е животот во студентскиот дом во Будимпешта, за дружбата меѓу студентите, но и за нејзиното изненадување кога првпат стапнала во дворот на кампусот:

„Зарем….!? Беше првиот збор што го изговорив кога стигнав во мојот студенски дом изненадена како од надворешната богата инфраструктура така и од можностите што ги нуди. Јас студирам на Централниот Европски Универзитет (ЦЕУ), во Будимпешта и ова е втората година како што живеам во студенскиот дом на ЦЕУ.

Македонски студенти во странство: Прошетка низ студентскиот дом во Будимпешта

Можностите за сместување што ги нуди ЦЕУ се една од најголемите предности за еден студент. Зошто? Домот располага со повеќе од 400 еднокреветни и двокреветни климатизирани соби. Студентите кои што сакаат да делат соба, месечно добиваат и дополнителни 20.000 HUF или 60 евра.

Собите се опремени со кревет, работна маса и столче, гардеробер, полица за книги, како и бесплатна интернет конекција. Во секоја соба има тоалет. Постелнината е предвидена како во собите, никој не носи од дома. Хигиената е на одлично ниво, а собите темелно се чистат еднаш неделно.

Македонски студенти во странство: Прошетка низ студентскиот дом во Будимпешта

После напорен ден на предавања, или минат во читање и пишување, уживаме во следните услуги:

-спортски центар со базен, сауна и фитнес

-игралиште за кошарка, фудбал, тенис, но и градина

– рецепција што е отворена 24 часа

-две соби со компјутери, соби за учење и за конференции

-кујни и соба за јадење на секој спрат (вкупно десет спрата)  во секој спрат

-перална, кафетерија и бар…

Македонски студенти во странство: Прошетка низ студентскиот дом во Будимпешта

Освен пералната, кафетерија и барот, сите останати услуги се бесплатни за сите студенти. Едно студенско мени (салата, супа, главно јадење, десерт) во кафетеријата чини 870 HUF (форенти) или 2,80 евра. Ова е доста прифатливо за скоро секој студент што добива целосна стипендија, која пак изнесува 320 евра месечно, со платено здравствено осигурување и сместување во домот.

Македонски студенти во странство: Прошетка низ студентскиот дом во Будимпешта

Сепак она што навистина остава голем впечаток во домот се организираните мултикултурни настани за студентите. Тоа е програма која што вклучува тематски забави, настани од културен карактер, меѓународен фестивал. Во кампуссот исто така не се исклучени ниту спортските настани, јога сесии, проекции на филмови како и многу други активности предложени од страна на студентите. Сите овие нешта овозможуваат полесно и побрзо запознавање со ЦЕУ студентите од различни земји, многу дружење и исполнет живот.

Можностите што ги имам како студент на ЦЕУ се повеќе од задоволувачки затоа што ми го олеснуваат учењето, ми даваат можност полесно да стапам во контакт со други студенти, и што е најбитно веќе го осеќам како мој дом.

Хм….среќна личност сум била јас.

Udvozlettel Budapestrol! (Поздрав од Будимпешта).“