Македонски студенти во странство: Како живее еден постдипломец на Кембриџ

Моето искуство со студентскиот дом во Кембриџ, во кој престојував за време на моите магистерски студии, беше доста поразлично од моите претходни искуства, како и искуствата на моите пријатели кои студираа на другите факултети во Англија, вели Весна Илиевска за Радио МОФ. Низ нејзиното искуство таа раскажува, во какви студентски домови се сместени студентите во Англија, какви се условите, кои се позитивните и негативните моменти.

Македонски студенти во странство: Како живее еден пост-дипломец на Кембриџ

„ Универзитетите во Кембриџ и Оксфорд имаат развиено систем каде студентските домови имаат многу поголема улога покрај нивните обврски да обезбедат сместување за студенти. Овие студентски домови или колеџи, се посебни единки, имаат своја административна слобода, сами ги менаџираат и во голем процент сами ги обезбедуваат средствата за нивното работење, што од донации, што од уплатите на студентите. Тие се задолжени за целокупното искуство на еден студент и обезбедуваат академски ментори за додипломците, го поттикнуваат и финансираат создавањето на студенски клубови на самиот колеџ кои се задолжени за културно-забавниот аспект на студентскиот живот таму.

Македонски студенти во странство: Како живее еден пост-дипломец на Кембриџ Покрај ова, секој колеџ има своја менза, библиотека, простори за учење и социјализација, како и спортски терени. Голем дел од колеџите се бават и со научно-истражувачка работи бидејќи покрај студентите, во нив живеат и бројни академици кои работат за различните факултети кои постојат во рамките на Универзитетот. Во Кембриџ и во Оксфорд постои хиерархија помеѓу колеџите. Оние најстарите се најчесто и најпрестижните и најбогатите. Тие се во состојба да ги субвенционираат услугите кои ги користат студентите многу повеќе од поновите колеџи. Заради ова и трошоците, особено за храна и сместување, варираат од колеџ до колеџ.

Конкретно мојот колеџ, Луси Кавендиш, е еден од најновите и најмалите во Кембриџ. Тој е еден од трите колеџи на Кембриџ кои примаат исклучиво жени и еден од четирите колеџи кои примаат “возрасни” студенти т.е студентите мора да имаат наполнето 21 на денот на уписот. Ова на прво слушање ги шокира луѓето и многумина добиваат погрешна претстава за местото дека помладите или пак мажите ги нема некаде и дека владее некаква манастирска атмосфера, но моето искуство беше сосема спротивно од тоа бидејќи колеџите се отворени кон сите студенти и тие постојано циркулираат посетувајќи колеги, пријатели итн. Генерално, во мојот колеџ владееше доста опуштена атмосфера, имаше доста студентки од странство, и многу полесно беше да се запознаат докторантки или професорки веќе етаблирани во својата професија.

Македонски студенти во странство: Како живее еден пост-дипломец на КембриџЛуси Кавендиш, како и повеќето други колеџи, нуди два вида на сместување за студентите. Првата опција е студентот да живее во централниот комплекс на колеџот, каде се наоѓа мензата, библиотеката, главната администрација итн. Оваа опција е задолжителна за додипломците првите 2 години бидејќи после часовите на факултет тие мора да учат неколку часа дневно и се нагледувани од страна на своите ментори во рамките на колеџот. Последипломците и докторантите се охрабруваат да живеат во куќи или домови кои припаѓаат на колеџот но се надвор од централниот комплекс. Сите видови сместување спаѓаат во одредена категорија според условите во куќата/зградата, големината на собите итн. и според нис се одредува месечната кирија.

Така, на пример, куќата во која јас живеев беше категорија Б, ја делев со 7 студентки, секоја од нас имаше доста голема соба, имавме целосно опремена кујна која ја делевме, исто и голема дневна соба, посебна соба со машина за перење и сушара, како и купатило и тоалет на секој спрат. Иако куќата беше доста стара (од викторијанскиот период мислам), беше добро опремена и нудеше многу повеќе комфорт за разлика од некои од другите сместувања по другите колеџи. Киријата беше 575 евра месечно со вклучени сметки, што беше за нијанса поскапо од просечната кирија која изнесува некаде околу 500-530 евра. Во договорот имавме вклучено и чистење на сите заеднички простории еднаш неделно. Покрај ова, на почетокот на годината морав да уплатам и 450 евра за користење на мензата што беше задолжително на сите студенти.

Македонски студенти во странство: Како живее еден пост-дипломец на КембриџИако голем дел од време го поминував дома и се хранев настрана, овие пари успеав да ги потрошам бидејќи со нив ги плаќав “формалните” или официјалните вечери на колеџот,кои се многу типични за колеџите на Окфорд и Кембриџ. Еден до два дена во неделата колеџот организира официјална вечера за своите студенти за која тие треба да се пријават неколку дена однапред.

Живеејќи во куќа од колеџот наместо во самиот централен комлекс дава доста слобода. Разликата во цена помеѓу двете е мала, за централниот комплекс се плаќаше околу 40 евра повеќе. Иако куќата се наоѓаше на 10тина минути од централниот комплекс, два пати неделно имавме посета од колеџот, еднаш за чистењето и еднаш за проверка на алармите за пожар. Сите колеџи во Кембриџ имаат правило дека студентите можат да примат еден гостин да преноќи, највеќе 3 ноќи по ред и претходно мора да го пријават. Од овој аспект живеењето надвор од централниот комплекс беше предност бидејќи нашите гости можеа да одлучат да преноќат во последен момент или да седат подолго без никој да им прави проблем дека не се пријавени. Бевме послободни и од аспект на гласна музика и врева за време на работната недела бидејќи баш како еден вид на семејство се договаравме за забавите и седенките кои ги организиравме.

Секако пред да го завршам овој текст и да ве оставам да помислите дека се беше перфектно со мојот студентски престој, би сакала да споделам и дел од проблемите кои ги искусив со своето сместување. Прво треба да знаете дека доколку има некаков проблем администрацијата на колеџот може и најчесто е доста спора во решавање на истиот. Така на пример кога во првиот семестар ни снема интернет, моравме да чекаме цела недела колеџот да провери па да искомуницира со компанијата, па да се закани, па да провери и тој проблем да биде решен.

Македонски студенти во странство: Како живее еден пост-дипломец на КембриџНекаде во февруари, ни откажа котелот за вода со која се грееше целата куќа. Иако брзо ни дадоа мали греалки, сеуште беше екстремно студено поради лошата изолација и големината на куќата. И за ова им требаше околу 5 или 6 дена и бројни повици од наша страна додека ние се топлевме со пластични шишиња со топла вода шетајќи по куќата. За крај би го спомнала и проблемот со рециклирањето и ѓубрето. Имено, ние ги почитувавме сите правила околу фрлањето на ѓубрето и секоја недела една од нас беше задолжена да го изнесе надвор и во соодветната канта (имаше посебни за хартија, за пластика и стакло и за ѓубре). Но секоја недела, куќата до нас, истотака дел од колеџот го мешаа ѓубрето во кантите што често резултираше или со предупредување од колеџот и од градскиот совет и со несобрани канти. И покрај бројните наши поплаки оваа мала “војна” траеше до последниот ден кога се иселив.