Пет македонски студенти, најдобри во областа на информатички технологии и телекомуникации, во рамки на програмата „Семиња за иднината“ ќе патуваат на студиска посета во Кина, во компанијата „Хуавеи“.
Со цел намалување на јазот на знаењето и промовирање на индустрискиот развој, македонската Влада ја поддржа програмата „Семиња за иднината“ за 2017 година.
Петте најдобри студенти ќе имаат можност да присуствуваат на демонстрација на најновата ИКТ-технологија, да учествуваат во работилници каде што ќе се сретнат со високи извршни директори и експерти од „Хуавеи“. Исто така, ќе посетат и часови по кинески јазик, кинеско сликање и калиграфија.
Изборот на студентите беше објавен со допис до универзитетите и објавен на страната на Министерството за информатичко општество и администрација.
Програмата на компанијата „Хуавеи“ ги поттикнува земјите од различни региони да учествуваат во градењето на дигиталното општество. Програмата во Македонија се реализира вторпат.