Македонски режисери повикани да учествуваат на фестивал за кратки филмови

Млади филмски режисери од Македонија, на возраст до 35 годишна возраст, се повикани да учествуваат на фестивалот на кратки филмови „LETS’S CEE Short Film 2017“ на тема „Светот во транзиција“.

На овој фестивал ќе учествуваат и режисери од Централна и Источна Европа, Кавкаскиот регион, Турција и Австрија.

Делата со кои ќе се учествува на натпреварот не треба да бидат подолги од 30 минути, а формуларот за аплицирање мора да се потполни темелно, со сите релевантни информации. Поради зголемениот број пријави (500-тини само во рамките на последното издание), ќе се наплаќа по 10 евра во денарска противвредност по филм.

Детални услови за поднесување на филмовите може да се проверат на http://www.letsceefilmfestival.com/home.html.

Останати филмови од Македонија (селекција):

– „Трето полувреме“ (Македонија/ Република Чешка/САД 2012, режисер: Дарко Митревски, CEE Highlights 2013; гостин: Роберт Насков, продуцент);

– „Медена Ноќ“ (Македонија/ Република Чешка/Словенија 2015, CEE Highlights 2015; Режисер: Иво Трајков; гости: Иво Трајков и Верица Недеска, актерка).