[Видео] Македонски блејдери и скејтери во North Park во Солун

Македонски блејдери, членови на JC Macedonia, заедно со скејтери-членови на С.А.М (Скејтбординг асоцијација на Македонија) и веб-страницата XMKD.com, минатиот викенд беа во посета на затворениот скејт-парк North Park во Солун, единствен од таков вид во регионот.  Дечките најавуваат дека наскоро ќе организираат уште една посета на скејт-паркот, во која ќе учествува поголема екипа. Погледнете го видеото што го изработија, за најдобро да покажат како си поминаа на овој „роуд трип“.