Македонски филмови на Детскиот филмски фестивал во Сиетл

Оваа година Детскиот филмски фестивал во Сиетл на својот репертоар ќе прикаже пет македонски кратки играни филмови наменети за младата публика поддржани од Филмскиот фонд на Македонија, како и еден документарен филм произлезен од Школата за креативен документарен филм Актив.

Македонски филмови на Детскиот филмски фестивал во Сиетл

Покрај тоа, на фестивалот ќе бидат прикажани и филмови на Браќата Манаки кои дигитално беа реставрирани со проектот на Кинотеката на Македонија, соопшти Филмскиот фонд на Македонија. Филмовите на Браќата Манаки ќе бидат придружувани со македонска музика во изведба на Драги Спасовски и Давид Билдес.

Во програмата на фокусот на Македонија ќе бидат прикажани следните филмови:

„Бардо“ на Марија Апчевска
„Жарче“ на Томислав Алексов
„Образ“ на Стефан Сидовски
„Девојчето со кибритчињата“ на Филип Матевски
„Играта заврши“ на Зоран Мишевски
“Пролет во лето” на Един Алија, Мила Радоњиќ и Вања Ристич (Школа за креативен документарен филм Актив).

Филмскиот фонд на Македонија воспостави соработка со Елизабет Шепард, директор на Детскиот фестивал од Сиетл минатата година при одржувањето на првиот Македонски фестивал за деца и млади Џифони Македонија.