Македонски ентузијасти преку 3D принтање создаваат и донираат визир маски

Фејсбук групата „3D принт Медицинска Опрема“ е платформа во која неодамна се собраа неколку македонски ентузијасти кои самостојно печатат визир маски и медицинска опрема која подоцна ќе ја подаруваат на здравствените институции во државава.

Во иницијативата се вклучија доктори, дизајнери, приватни сопственици на 3Д принтери, компании кои се занимаваат со ваква дејност, како и лица кои се пријавиле за волонтери, за што побрзо маските да се дистрибуираат до клиниките.

Од платформата велат дека веќе од утре ќе започнат со дистрибуцијата на 3Д изработените маски.

„Вчера вечер дефиниравме дизајн кој е лесен за употреба и 3Д принтање и кој исто така како производ ги задоволува стандардите на медицинските употреби, а материјалот е соодветен да издржи и стерилизација пред употреба“, посочи еден од дизајнерите во групата.

Тој информира дека утре ќе бидат доставени првите примероци во Градската Општа Болница „8-ми септември” каде ќе бидат стерилизирани со цел да можат да се распоредат онаму каде што се неопходни, на оние кои се први изложени на удар од коронавирусот.

Изпринтани делови од заштитните маски

Од „3D принт Медицинска Опрема“ велат дека нема да застанат тука. Тие истакнуваат дека ќе работат деноноќно со цел за да се снабдат сите медицински установи низ републиката,  додавајќи дека паралелно развиваат модели на разни конектори и елементи за медицинска опрема која може да стане дефицитарна и се надеваат дека ситуацијата ќе се подобри и нема да имаат потреба да ги произведуваат.

„Ги замолуваме сите кои сакаат да помогнат во донација на материјали, финансиски донации или пак кои имаат идеја како најбрзо да се снабдат медицинските работници со заштитни маски да ни се приклучат“, стои во нивниот апел.

Процес на 3D принтинг

 

 

View this post on Instagram

 

Фејсбук групата „3D принт Медицинска Опрема“ е платформа во која неодамна се собраа неколку македонски ентузијасти кои самостојно печатат визир маски и медицинска опрема која подоцна ќе ја подаруваат на здравствените институции во државава. Во иницијативата се вклучија доктори, дизајнери, приватни сопственици на 3Д принтери, компании кои се занимаваат со ваква дејност, како и лица кои се пријавиле за волонтери, за што побрзо маските да се дистрибуираат до клиниките. Од платформата велат дека веќе од утре ќе започнат со дистрибуцијата на 3Д изработените маски. „Вчера вечер дефиниравме дизајн кој е лесен за употреба и 3Д принтање и кој исто така како производ ги задоволува стандардите на медицинските употреби, а материјалот е соодветен да издржи и стерилизација пред употреба“, посочи еден од дизајнерите во групата. Тој информира дека утре ќе бидат доставени првите примероци во Градската Општа Болница „8-ми септември” каде ќе бидат стерилизирани со цел да можат да се распоредат онаму каде што се неопходни, на оние кои се први изложени на удар од коронавирусот. Од „3D принт Медицинска Опрема“ велат дека нема да застанат тука. Тие истакнуваат дека ќе работат деноноќно со цел за да се снабдат сите медицински установи низ републиката, додавајќи дека паралелно развиваат модели на разни конектори и елементи за медицинска опрема која може да стане дефицитарна и се надеваат дека ситуацијата ќе се подобри и нема да имаат потреба да ги произведуваат. „Ги замолуваме сите кои сакаат да помогнат во донација на материјали, финансиски донации или пак кои имаат идеја како најбрзо да се снабдат медицинските работници со заштитни маски да ни се приклучат“, стои во нивниот апел. #radiomof #вестимк #3Dprinting #medicalmasks #coronavirus #коронавирус

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on