Македонски цртан филм во финалето на престижниот фестивал „Prix Jeunesse International“

Македонскиот цртан филм „Прасето кое сакаше да биде птица“ е финалист на најпрестижниот светски фестивал за детска телевизиска продукција „Prix Jeunesse International“. Од 400 пријавени детски програми од 60 држави во светот, овој филм влезе во дваесетте финалисти во категоријата на играни програми за публика до шест години.

Цртаниот филм го создаде креативниот тим на НВО „ОХО“. Продуцент е Пеце Талески, сценариото и режијата е на Елеонора Венинова, а анимацијата на Симон Стојановски и Диме Ѓорѓиевски. Илустрациите се на Тхе Мичо, а музиката е на Мите Димовски.

Фестивалот „Prix Jeunesse International“ веќе 50 години се одржува во Минхен. Последните десет години, Македонија преку „ОХО“ е единствениот финалист од Балканот во која било од шестте категории.

„Прасето кое сакаше да биде птица“ досега беше емитуван на повеќе домашни и светски фестивали.