Македонски бренд и уметник со заедничка хуманитарна акција – со купена торбичка донирате

MY:TIME како македонски бренд започна соработка со графичкиот дизајнер и илустратор Ind.o.g, која има за цел да им помогне на социјално загрозени граѓани.

Ind.o.g добротворно направи специјален дизајн за Tote торбичките, кои може да се купат по симболична цена од 300 денари во продажни салони на MY:TIME во ГТЦ и Сити Мол.

Средствата придобиени од продажбата, компанијата ќе ги донира на луѓе и институции кои имаат вистинска потреба од помош. Акцијата се спроведува во соработка со здружението Хуманост Без Граници.

„Сакаме да придонесеме кон создавањето на здрава популација, среќни деца, силно и функционално општество, како и институции кои во целост ги опслужуваат пациентите. Приклучете ни се! Да донираме на оние кои им е потребна нашата помош и заедно вистински да им помогнеме!“, велат од MY:TIME.