Македонски активистки упатија протестно писмо до Полската амбасада во солидарност со Полјачките

„Ние, жените и организациите за човекови права, изразуваме солидарност со Полјачките и ги поддржуваме во нивната борба за репродуктивна слобода“, гласи дел од протестното писмо кое денеска го доставија до Полската амбасада во Северна Македонија.

Тие упатија и апел до полската Влада да го почитува правото на мирен протест и во целост да го отфрли како што велат, регресивниот и штетен закон за абортус којшто им го ограничува пристапот на жените до абортус.

Организациите обединети во Платформа за родова еднаквост забележуваат дека овој закон се коси со европските демократски вредности.

Судската одлука со која се забранува абортус во случај на фетусна малформација ги извади на улица поборничките и поборниците за репродуктивна слобода во Полска. По речиси двонеделни непрекинати масовни протести, спроведувањето на одлуката се одложи.

Фото: Скајњуз