Македонскaта оперa „Змејовата невеста“ премиерно во МОБ

Македонското оперско дело „Змејовата невеста на композиторот“ на Стојан Стојков, а во режија на Дејан Пројковски, премиерно ќе биде изведено на 7 февруари во Македонската опера и балет, објави МИА.

Ова се случува по 10 години од последната премиерна изведба на опера напишана од македонски автор, делото „Лидија од Македонија“ на Ристо Аврамовски.

Оперското дело претставува бајковита форма базирана на фолклорни мотиви. Диригент е Саша Николовски-Ѓумар, кореографијата е на Олга Панго, сценографијата на Валентин Светозарев, а костимографијата на Марија Пупучевска.

Во главните улоги настапуваат Катерина Стојановска, Наде Талевска, Кристијан Антовски, Ернес Ибраимовски, Марика Поповиќ, Катерина Весковска, Владимир Саздовски, Диме Петров, Дејан Стоев, Јане Дунимаглоски, Ивана Андоновска-Свилар и Николина Јаневска.

Покрај „Змејовата невеста“ во МОБ наскоро премиерно ќе има изведба и на операта „Леандер и Косара“ на композиторот Сони Петровски, по либрето на Петре Бакевски.