Македонската опера и балет формира детски хор „Фалсето“

Македонската опера и балет ќе формира детски хор „Фалсето“ во кој можат да членуваат деца на возраст од 9 до 14 години.

Членството во хорот е бесплатно, а аудицијата за првите членови во хорот е најавена на 5 март, од 18:00 часот, во Империјал сала (службен влез) во Македонска опера и балет.

Сите заинтересирани деца треба да бидат пријавени до 4 март напладне, на e-mail: falsetto@mob.com.mk.