Македонската филхармонија го слави 70-годишниот јубилеј

По повод 70-годишниот јубилеј на Македонската филхармонија, вечерва во Музејот на македонската борба за државност и самостојност ќе биде промовирано и последното аудио издание на оваа музичка институција.

Македонската филхармонија го отвори годишениот серијал „Кирилица“

Предвидено е директорката на Македонската филхармонија Маја Чанаќевиќ да ја најави новата сезона на оркестарот, која е во знак на одбележување на 70-годишниот јубилеј.

Македонската филхармонија е единствениот симфониски оркестар во Република Македонија и единствен постојан репрезент на симфониското творештво на македонската концертна сцена. Од формирањето на оркестарот во 1944 година, непосредно по ослободувањето на Скопје, на неговиот диригентскиот пулт се изменуваат повеќе доајени на македонската музика. Основачи и први диригенти на оркестарот се познатите македонски композиторите Тодор Скаловски и Трајко Прокопиев. За време на неговото постоење овој оркестар е повеќе пати преименуван и приклучуван кон други институции (Македонската опера и балет и Македонското радио), за во 1960 година Македонската филхармонија да се конституира како самостојна музичка институција.