Македонската e-спорт федерација ја отвора новата сезона на лиги

Македонската e-спорт федерација ја отвора новата сезона на лиги каде што домашните тимови и играчи поединци ќе можат да бидат дел и да поминат низ национални квалификации за да се здобијат со титулата репрезентација на Северна Македонија за 2021 година.

Најдобрите тимови и играчи ќе ја претставуваат државата на претстојното Светско е-спорт првенство во Ејлат, Израел, што исто така традиционално се оддржува секоја година, а е во организација на Меѓународната е-спорт федерација каде што членува МЕСФ.

Оваа година лигата ќе се состои од четири наслови од кои два од нив се играат на компјутер или Counter Strike: Global Offensive и DOTA2, а другите два наслова ќе се играат на PlayStation 4 конзолата или Pro Evolution Soccer 2021 и Tekken 7. Учество во лигата ќе земат тимовите и играчите кои се официјално регистрирани како членови на МЕСФ.

Предвидените датуми за почеток на истите се: DОТА 2 (Започнува на 5-6 јуни 2021 година), CS:GO (Започнува на 19-20 јуни 2021 година), PES 2021 (Запончува на 3 јули 2021 година) и Tekken 7 (Започнува на 4 јули 2021 година).

Преносите од лигата ќе бидат достапни на официјалниот канал од МЕСФ на Твич, секој викенд од 15 часот.

Организатор на националните квалификации и лига на Северна Македонија е ESPORTS.MK под надлежност на МЕСФ.