Македонките најрано стануваат мајки во цела Европа, покажува истражување на Евростат

Нови податоци од истражување за стапката на наталитет во Европа покажува дека во Македонија, жените стануваат мајки за прв пат на најмала просечна возраст – на 23 години. Просечната возраст за Европа е 28,9 години.

Според новите податоци, Италија е земја во која жените најдоцна добиваат дете за прв пат – во просек на 30,8 години.

После Македонија, граѓанките на Бугарија се втори според просечната возраст на која раѓаат прв пат. Бугарките во просек првото дете го добиваат на 26 години.

Меѓу првите пет се и Романија, Латвија и Полска.

Источноевропските земји имаат најниска стапка на наталитет, а средоземните нации како Грција, Шпанија и Италија имаат највисока.

Нордиските нации исто така добиваат потомство прилично доцна – сите над 28 години.

Кога станува збор за плодноста во Европа, неколку земји забележуваат пад на наталитетот во споредба со истражувањето во изминатите 14 години.

Според Евростат, во периодот меѓу 2001 и 2015 биле родени 40217 бебиња.

Исланд и Португалија имаат пад во наталитетот, исто како и Македонија и Србија. Иако ги имаат најмладите мајки на мапата, забележува Евростат, стапката на наталитет е во постојан пад.

Во пораст пак, наталитетот е во Латвија, Литванија и Австрија.