Македонка и Шпанец со мотор тргнаа на пат околу светот

Македонка и Шпанец со мотор тргнаа на пат околу светотМакедонката Ивана Чолаковска и Шпанецот Мануел Торес, денеска од Скопје ја стартуваат својата моторџиска авантура, објави Телеграф.  Прва нивна дестинација е соседна Грција, а потоа заминуваат кон Турција, Иран, Пакистан, Индија, објави на фан страната на Фејсбук, авантуристката Чолаковска.

Искуствата во текот на патувањата тие ќе ги споделуваат на нивната интернет-страница „AroundGaia“. Според планот, во просек ќе возат по седум часа дневно, зависно од местото и временските услови.

Патувањата со мотор се дел од животот на двајцата авантуристи, како што може да се види и во следното видео.

Преземено од Телеграф