Македонија зад Белизе на индексот на просперитет на Легатум

Според индексот на просперитет, кој Институтот Легатум од Лондон го објавува секоја година, Македонија е на 65-тото место од вкупно 142 земји.

Македонија се наоѓа на место број 86 во економија, 57 во претприемништво и можности, 70 во политика, 74 во образование, 50 во здравје, 58 во безбедност, 83 во лична слобода и 96 во социјален капитал.

Норвешка веќе седма година по ред е најпросперитетна земја на светот, а меѓу првите пет се и Швајцарија, Данска, Нов Зеланд и Шведска. На дното на листата се наоѓа Централната Африканска Република.

Од земјите во регионот, Грција се најде на 49-тото место, Бугарија на 51-вото, Хрватска на 53-тото, Црна Гора на 60-тото, Србија на 73-тото, а Албанија на 83-тото.

Индексот на просперитет се пресметува според успехот на земјите во пет области: економија, здравство, безбедност, лична слобода, социјален капитал и управување.

Индексот е поразличен од останатите бидејќи ги пресметува и приходите и добросостојбата на граѓаните во земјата, за разлика од другите ранг листи кои во предвид земаат само макроекономски индикатори.