Македонија на 70. место во светот според еднаквост на половите

Македонија се најде на 70-то место на годишното рангирање за еднаквост на половите во светот на Светскиот економски форум, јави дописникот на МИА од Париз.

Македонија на 70. место во светот според еднаквост на половите

На првото место од 142 рангирани земји се наоѓа Исланд со резултат од 0.8594, а на последното 42. е Јемен со 0.5145 поени.

Македонија е на 70. место со вкупно 0.6943 поени, веднаш зад Италија (69) и пред Бразил (71). Од регионот, Албанија е на 83, Бугарија на 22, Грција на 91, Србија на 54 место, Хрватска е на 55, Романија на 72, Словенија на 23 и Црна Гора на 74 позиција.

Лани земјава на истата листа се најде на 57 место од 136 земји. Во извештајот како показатели се земени разликите меѓу половите во платите, учеството во пазарот на трудот, висококвалификуваните работни места, пристапот во образованието, застапеноста на одговорни места, долговечноста и застапеноста на жените и мажите во вкупното население на земјата, пренесе МИА.