Македонија и Србија взаемно ги признаа возачките дозволи

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Гордана Јанкуловска и Небојша Стефановиќ во Белград потпишаа спогодба меѓу двете влади за взаемно признавање на возачки дозволи на граѓаните од двете земји, пренесе јавниот сервис МРТ.

Македонија и Србија взаемно ги признаа возачките дозволи

За да стапи во сила спогодбата треба да ја ратификуваат и двата Парламента. Според министрите, оваа спогодба ќе им овозможи на граѓаните минување на границата без посебни процедури.

Стефановиќ нагласил дека договорот прво мора да биде ратификуван во Собранието на Србија, по што би стапил на сила и изразил очекување дека тоа ќе се случи набрзо.

Министерката Јанкулоска нагласила дека овој документ има конкретно значење за двете земји затоа што бројни српски граѓани транзитираат преку Македонија на пат кон туристичките дестинации.

Меѓународната возачка дозвола чини 950 денари и има важност од три години.

Извор: МРТ