Македонија денес одбележува Ден на жалост

Во чест на 21-та жртва на поплавите кои го зафатија Скопје и околината на 06.08 (сабота), денес во државава се одбележува Ден на жалост, одлучи вчера Владата на вонредната седница.

Најголем дел од жртвите се од приградските населби Сингелиќ, Стајковци, Црешеви и обиколницата кај Смилковци. Најмладата жртва на поплавите има само две години.

На седницата на Владата беше одлучено и наредните 15 дена скопскиот и тетовскиот регион да бидат прогласени за кризни места.

За наредните денови се најавува дека врнежите и нестабилното време ќе продолжат, но врнежите ќе бидат помали и поумерени.