„Македокс“ загревање со журка на Школка

Со проекција на филмот „Марта и Ники“ на Тора Мартенс за енергичното шведско хип-хоп дуо и промо журка со диџеј Димитри од Чаир или Пикисипи (С.А.Ф.), диџеј Страјк, Стр2- Блажеј и Тасковски Борис- Беатрикс Кру, публиката ќе се загрева за годинашното издание на „Македос“.

Настанот е најавен на 18 август, со почеток во 21 часот пред Школката во Градскиот парк во Скопје.

Под мотото „Сите сме приказна“, од 20 до 26 август 2016 година во Куршумли-ан, Чифте амам и Музејот на современата уметност во Скопје ќе се одржи седмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.