„МакеДокс“ пинг-понг филмски сет секој четврток во МКЦ

Во четврток (2 март), фестивалот на документарни филмови „МакеДокс“ ќе започне со организирање филмски проекции во ресторанот на Младинскиот културен центар.

Секој нареден четврток ќе се прикажуваат документарни филмови што биле дел од филмските програми, а дополнително, посетителите ќе може да одиграат партија пинг-понг.

„Зависи по кој спорт сте, но филмот ни е тој, и е документарен! Затоа, подгответе се, физички и психички, и дојдете во добра кондиција, зашто по гледањето на филм, играњето пинг-понг, барањето на топчето, спортските активности не завршуваат така лесно, туку одиме во Подрум кај Шоте, на диско диџеј сет, да ги покажеме движењата што сме ги научиле“, се вели во поканата за настанот.

Проекцијата е закажана за 20:30 часот.