Македокс кино викенд во МКЦ

Македокс кино викенд ќе се одржи на 4 и 5 март во киното „Фросина“-МКЦ со проекција на четири документарни филмови. 

Од Македокс најавуваат „проактивен“ петок со проекција на „Секојдневен бунт” и „Секс за шуми“ од 20:00 и 22:00 часот, но и „гламурозна“ сабота со проекциите на кандидатите за Оскар „Доаѓаме како пријатели” и „Погледот на тишината”

„Наместо во диско, ај со симпатијата на кино во петок вечер?Прескокни еден кафе-муабет, па дојди на филм и во сабота?“, се вели во најавата за Македокс кино викенд.

Билетите во претпродажба се 100 ден за цела вечер, за следење на проекциите на двата филма.