„Мајсторот и Маргарита“ во анимација од две минути

„Мајсторот и Маргарита“ во анимација од две минути

Мајсторот и Маргарита“ е најпопуларното дело на рускиот писател Михаил Булгаков – романот досега е инспирација за најмалку пет филмови, две телевизиски серии, деветнаесет театарски продукции, два балета, четири опери и еден графички роман. Меѓу овие дела е и краткиот анимиран филм на Светлана Петрова и Наталија Березоваја, кои сакаат да го претстават „Мајсторот и Маргарита“ во само две минути подвижни слики. Иако е направена во 1997, оваа анимација и денеска е провокативен трејлер за романот на Булгаков, иако на неговите книги не им се потребни маркетиншките иновации до ерата на интернетот.

Извор