МајСпејс призна дека изгубиле аудиа и фотографии собирани 12 години  

МајСпејс“, една од првите социјални мрежи на интернет, се извини откако по миграција на серверот имаат огромна загуба на податоци, објави Би-Би-Си.

„Сите фотографии, видеа и аудиоснимки поставени до пред повеќе од три години (2015-та) повеќе не се достапни. Се извинуваме за непријатноста“, стои во пораката на сајтот, откако последниве месеци имаше чести поплаки дека музика веќе не функционираат.

МајСпејс беше основан во 2003 година, привлекувајќи милиони корисници. Во 2005 година е купен од „ЊузКорп“ за 580 милиони долари, а од 2011 е во сопственост на компанијата „Спесифик медија“.

Во 2006 година e најпосетуван сајт во САД, надминувајќи го дури и Гугл.

Во тоа време, пред да стартуваат Фејсбук и Твитер и Инстаграм, со популарноста помогна да се лансираат и кариери на музичари како „Арктик манкис“ и Кејт Неш.

Енди Бајо, еден од основачите на сајтот „Кикстартер“, е скептичен дека се работи за несреќа. Проценува дека можеби се изгубени 50 милиони песни од повеќе од 14 милиони музичари низ цел свет, објавувани меѓу  2003 до 2015 година.