Членовите на електронската музичка група Major Lazer се првите изведувачи од Америка што ќе настапат во Хавана, Куба и тоа бесплатно. Тие се првиот американски бенд што ќе се претстави на карипскиот остров откако САД воспоставија дипломатски односи во 2014 година.
„Куба одигра клучна улога во мојата љубов кон музиката, имаше толкав силен културолошки удел ширум светот, па така и врз мене, особено бидејќи израснав во Флорида, таа стана еден од најголемите културни центри од кои еволуираше музиката“ , изјави Diplo.
Една од причините зошто токму Diplo, Walshy Fire и Jillionaire се првите изведувачи кои ќе ја претставуваат американската музика се нивните длабоки корени со денсхол и реге музиката, која е карактеристична за овој регион.
Бесплатниот концерт организиран од Фондацијата Мјузикабана, во соработка со кубанската влада ќе се одржи на 6 март.