Мајкрософт влегува во индустријата со марихуана со свој софтвер

Мајкрософт најави дека во иднина ќе понуди софтвер кој ќе ги следи растенијата на марихуана „од семе до продажба“. Софтверот има за цел да им помогне на државите, кои ја легализирале медицинската, или рекреативната употреба на марихуана, да внимаваат на продажбата и трговијата, осигурувајќи се дека се почитуваат законите. Тој ќе функционира со помош на платформа Azure.

Трендот на легализација не престанува да расте, напротив, во најмалку пет американски држави оваа есен ќе се гласа за легализација на марихуаната за рекреативни цели. Но, досега, само мал број од банките во Америка се подготвени да им понудат сметки на компаниите кои растат или продаваат марихуана. Овде, сепак, не влегува Мајкрософт, бидејќи нема директно учество во чинот на одгледување и продажба на марихуаната.

Мајкрософт соопшти дека влегува во партнерство со старт ап компанијата Кајнд од Лос Анџелес, која го изгради софтверот. Партнерството со Кајнд е уште еден голем чекор за Мајкрософт, откако минатата недела соопшти дека го купува ЛинкедИн.

Компаниите се уште немаат склучено договор со ниту една држава, но софтверот веќе се примени во Пуерто Рико, каде на почетокот од годината се легализираше марихуаната за медицински цели.

Вкупно 25 американски држави ја легализираа марихуаната, во една, или друга форма, со Пенсилванија и Охајо како најнови држави. Иако, најголема можност за бизнис доаѓа од државите кои дозволуваат рекреативна употреба на канабисот, како Колорадо, Орегон и Вашингтон.