Мајкрософт пушти во употреба нова опција на прелистувачот Еџ наменета за деца до 12 години

Мајкрософт пушти во употреба нова опција на својот веб прелистувач Еџ, прилагодена за деца, пишува Јаху. Ова е прва ваква можност која доаѓа од поголем прелистувач. Овој потег, велат од компанијата, има за цел да осигури дека родителите можат да им дозволат на своите деца да користат интернет без да се грижат за видот на содржината што ќе ја сретнат.

Опцијата за деца на Мајкрософт Еџ е дизајнирана да спречи деца до или помали од 12 годинида добијат пристап до страници и услуги што нивните родители може да ги сметаат за непристојни.

„Родители во САД со деца на возраст од 12 години и помлади, 58% од нив се загрижени за проблемите со кои се соочуваат нивните деца при користење на дигитални производи и услуги, и додека мнозинството се свесни за решенијата за родителска контрола, само околу половина навистина користат барем едно денес“, вели Лиат Бен-Зур, корпоративниот потпретседател, повикувајќи се на внатрешно истражување.

Мајкрософт Еџ Кидс се карактеризира со уникатни дизајни на почетниот екран и вести наменети за деца, како што се Animal Planet и Time for Kids.

Родителите можат да изберат од две верзии на опцијата, едната за деца на возраст од 5 до 8 години, другата за деца од 9 до 12 години. Верзијата за деца од 5 до 8 години е поедноставена верзија на прелистувачот Еџ со уникатен изглед погоден за деца, додека верзијата за постари деца ги вклучува оние линкови до веб-страниците за вести соодветни на возраста.

За да се спречат децата да посетуваат несоодветни веб-страници, режимот за деца на Мајкрософт Еџ вклучува вграден список на одобрени страници. Родителите можат да ги уредуваат тие страници за да додаваат дополнителни страници или да ги ограничат претходно избраните страници на Мајкрософт.

Мајкрософт Еџ Кидс доаѓа во моментот кога повеќе технолошки компании ги туркаат своите технолошки производи кон помладите корисници. Гугл на пример, веќе нуди верзија на Јутјуб за деца. Услугата ги ограничува видовите видеа што се достапни преку автоматски прегледи на човечки содржини. Исто така, им овозможува на родителите да имаат контрола.

Во меѓувреме и Фејсбук воведе Месинџер Кидс што им овозможува на децата под 13 години, возрасната граница да се приклучат на Фејсбук, да испраќаат пораки до списокот на контакти одобрени од нивните родители.

Сепак, проблемот е што Еџ не е толку популарен во споредба со Хром на Гугл, кој доминира во индустријата на прелистувачи со 64% ​​од глобалниот удел на пазарот, според StatCounter. Еџ има само 3,45% од глобалниот удел на пазарот на прелистувачи.