Новите ажурирања на Мајкрософт 10 ќе донесат многу новини, но и ќе стават крај на една од најкористените алатка од почетоците на Windows – Paint.
Откако првата верзија на Paint излезе во 1985 година, оваа алатка претставува една од првите графички едитори користена од многумина и стана суштински дел од Windows. Почнувајќи го животот со монохроматска верзија од еден бит, Paint дури во 1998 година можеше да ги зачувува фајловите во JPEG формат.
Со објавување на Windows 10 Creators Update, во април, Мајкрософт го претстави новиот Paint 3Д, кој е инсталиран заедно со традиционалниот Paint и нуди едитирање на 3Д слики, како и на обични фотографии. Но, тоа не е ажурирање на оригиналниот Paint и не се однесува како таков.
Мајкрософт соопшти дека заедно со Outlook Express, Reader app и Reading list, Paint е додаден во листата на „отстранети или застарени“ алатки.
Иако Paint никогаш не беше најспособната апликација, во ситуациии кога биле потребни ситни корекции, едитирања и скратувања на сликата, беше одлична алатка.
Последната верзија на Paint за Windows 7 беше многу подобрена, но и понатаму се сметаше за далеку послаба од останатите бесплатни алтернативи како Paint.NET.
Од Мајкрософт се уште не соопштуваат кога официјално ќе ја повлечат својата најдолготрајна алатка досега.