Мајкрософт има нова апликација за размена на податоци помеѓу мобилниот и компјутерот

Нова бесплатна апликација на Мајкрософт им овозможува на корисниците на Windows 10 да ги пренесуваат податоците од својот компјутер на мобилниот телефон многу полесно од кога било досега.

Апликацијата Your Phone дозволува со едноставно повлекување да се пренесат фотографии или текстуални пораки од Андроид уредот до компјутерот.

Апликацијата може да се преземе од Microsoft Store, а наскоро треба да добие поддршка за известувања и стримање на содржини на компјутерот.

Андроид телефоните мора да се поврзат со компјутерот користејќи Windows Settings или преку апликацијата. Таа треба да се преземе пред да ги завршите сите поставки.

За да биде успешно, потребен ви е компјутер со Windows 10 со сите најнови ажурирања и паметен телефон со Андроид кој работи на Андроид 7 или понова верзија.