Американскиот технолошки гигант најави алтернативен начин со кој корисниците може да се пријават на нивниот Мајкрософт профил, користејќи апликација на нивните мобилни телефони.
Наместо да се памети долга и сложена лозинка, корисникот ќе може да ја инсталира апликацијата Microsoft Authenticator. Кога ќе се обидат да се пријават со нивното корисничко име, апликацијата им испраќа известување на нивниот телефон. Се што треба да направат корисниците е да го одобрат процесот и веќе имаат пристап до нивниот профил – без потреба од лозинка.
„Со пријавување преку мобилниот телефон, ние го менуваме товарот за безбедноста од вашата меморија, на вашиот уред“, вели директорот на компанијата Алекс Симонс.
„Вашиот телефон ја врши работата околу безбедноста на уредот, со други зборови, вашиот мозок не мора да го прави тоа“, објасни тој.
Но, постојат и ограничувања за овој пристап. Корисникот мора да има пристап до својот телефон, бидејќи ако го изгуби, или не секогаш има пристап до него, мора да ја запамети и лозинката за да се осигура дека ќе може да го активира профилот.
Апликацијата на Мајкрософт е еден вид олеснување за сите оние кои имаат проблем да ја запомнат својата лозинка, но и доволно силна. Анализа базирана на протечени лозинки покажа дека најпопуларната лозинка во светот е премногу лесна за погодување – „123456“. По неа, следуваат „123456789″ и „qwerty”.
Овие лозинки се лесен плен за хакерите, особено поради тоа што истите лозинки се користат за повеќе платформи.