Мајка Тереза е прогласена за светица

Мајка Тереза, почитувана за нејзината добротворна работа со сиромашните во Индија, денеска беше прогласена за светица од папата Францис.

Десетици илјади верници се собраа на главниот плоштад во Рим за да ја следат мисата и канонизацијата.

Две чудесни лечења на болните, по смртта на Мајка Тереза во 1997 година, се препишуваат на нејзините молитви.

Во Индија, посебна миса се одржа во редот на Мисионерките на милосрдието, кој таа го основаше во Калкута.

Кардиналот Ангело Амато прочита кратка биографија за делото на Мајка Тереза, а потоа побара од папата да ја канонизира во името на црквата.

Папата рече: „По честите молитви за божествена помош и по долго советување со многу од нашите браќа епископи, ја прогласуваме и дефинираме Блажената Тереза од Калкута да биде светец и ја запишуваме меѓу светите, барајќи таа да биде почитувана од страна на целата црква“.

На церемонијата во Рим, со автобуси биле донесени 1 500 бездомници од цела Италија за да бидат дел од церемонијата, а потоа 250 калуѓерки им поделиле пица за ручек.

Мајка Тереза основаше сестринство кое предводи 19 домови и ја освои Нобеловата награда за мир.

Но, таа често беше критикувана, откако луѓе забележале недостиг од хигиена во болниците кои ги предводело сестринството, додека други,  ја критикуваа дека зела пари од диктатори за нејзината добротворна работа.

Таа почина во 1997 година, на 87-годишна возраст, а беше беатифицирана во 2003 година, што претставува првиот чекор до прогласување за светец.

Во 2002 година, Ватикан одлучи дека стомачниот тумор на жена во Индија е чудесно излечен по молитвите на Мајка Тереза. Папата Францис минатата година призна уште едно чудо, кои и го препиша на Мајка Тереза.

Родена во 1910 година во албанско потекло, Агнес Гонџа Бојаџиу порасна во Скопје, кое во тоа време беше под Отоманската империја.

На 19 години, таа се приклучи на ирскиот одред Лорето и во 1929 година била пратена во Индија, каде станала учителка во училиште во Дарџилинг, под името Тереза.

Во 1946 година, таа се преселила во Калкута за да им помогне на сиромашните и по една деценија, таа отвори дом за напуштените деца.

Таа го основа Мисионерскиот одред за добротворни цели во 1950 година. Сестринството денес има 4 500 калуѓерки низ целиот свет.

Таа доби светско признание за нејзината работа во сиромашните квартови во Калкута, но критичари ја обвинуваат дека наметнала екстремен католицизам, соработувајќи со диктатори и прифаќање средства од нив за добротворни цели.

Во нормални услови, потребни се неколку децении за некој да биде прогласен за светец по смртта, но нејзиниот случај беше забрзан од папата Јован Павле Втори. Папата Францис, пак, сакаше да го заврши процесот во текот на Светата година на милоста на црквата, која ќе трае до ноември 2016 година.