[Магор] ГУЛАБОТ – Патрикт Зискинд

Гулабот„Гулабот“ на Патрикт Зискинд е интензивен, вознемирувачки и драматичен роман за еден обичен човек чиј свет одеднаш ќе се наруши со ненадејното појавување на гулаб пред неговата врата.

Дејството на романот е сместен во Париз. Јонатан Хоел е чувар во банка, кој се повлекува од социјалниот живот откако неговата сопруга ќе го напушти. Типичен пример за општествен изгнаник, кој настојува да живее живот лишен од секакви настани, сведен на целосна монотонија, на тој начин обидувајчи се да го пронајде својот внатрешен мир. Сето тоа се менува кога ќе се сретне со непосакуваниот, дијаболичен натрапник.

Напишан во најдобрата традиција на Франц Кафка и Едгар Алан По, „Гулабот“ претставува суптилна анализа на сложените психолошки длабочини на човекот во современото отуѓено општество. Сурова, искрена, ослободена од секаква сентименталност, книга која го потврдува животот во неговата највитална смисла.