Мадрид ќе забранува автомобили во центарот на градот

Градоначалничката на Мадрид, Мануала Кармена сериозно размислува да ги тргне приватните автомобили од центарот на главниот град на Шпанија, објави Индипендент.

Кармена на 5 ноември на радио-емисија потврди дека главната авенија на Мадрид, Гран Виа, единствено ќе овозможува пристап за велосипеди, автобуси и такси-возила, пред таа да ја напушти функцијата во мај 2019 година. Градоначалничката рече дека намерата е Гран Виа да ја направи поприфатлива за пешаците, а овој подвиг е дел од поголемиот план за забрана на сите дизел возила во Мадрид до 2025 година.

Изградена во 1910 година, Гран Виа е фрекфентна улица со шест ленти, која сече низ центарот, со што идната забрана за возила претставува прилично амбициозен потег.

Изминатиов декември, во време на празничен шопинг, Мадрид забрани приватни автомобили на Гран Виа поради аерозагадувањето. Тоа траеше девет денови. Ривалот на Камера и лидер на десничарската Народна партија во Мадрид, Есперанца Агуире, се закани дека ќе го тужи градот. Аргументот на десничарот беше дека привремената забрана ќе влијае врз бизнисите долж патот, бидејќи клиентите кои користат возила не можат да дојдат до посакуваната дестинација.

Наспроти ова, во радио-интервјуто во ноември, Кармана рече дека продавачите долж авенијата ја уверувале на 15 отсто повисок профит за време на забраната.

Главната цел на забраната е борба на Мадрид против се поголемото аерозагадување. Мадрид веќе спроведува привремени мерки за сообраќајот во критични денови со висока загаденост.

Инаку, потезите на Кармена се вклопуваат во глобалниот тренд за претворање на градските улици во пешачко-велосипедски зони. Копенхаген гради голем велосипедски автопат од центалното подрачје, кој ќе биде готов во 2019 година. Истовремено, Осло, Хамбург, Париз и Мексико Сити работат на слични забрани за возила, но не како обемот во Мадрид.