М3ДС академија: Во изработка е најголемиот 3Д принт во Македонија

Студентите од М3ДС академијата за 3Д и дизајн на игри во текот на летото работат со полна пареа. Како што се наближува крајот на aкадемската година за обуките за 3Д, тие израборуваат модели, анимации, игри, околини, карактери  и слични проекти кои ќе станат дел од нивното професионално портфолио.

„Покрај тоа, од М3ДС најавуваме дека во тек се и подготовките за нашата прва самостојна изложба на 3Д модели и изработки од нашите студенти, која би требала да се одржи на почетокот за септември, за која подетални информации ќе објавиме понатаму“, велат од М3ДС.

Токму како мотив за таа изложба, велат тие, во изработка е најголемиот 3Д принт во Македонија. Станува збор за карактер моделиран од нивен истакнат студент Петар Котевски.

„Принтот ќе биде во висина од 100 сантиметри, се состои од 34 делови, за кои во самиот процес на принтање пресметавме дека би ни биле потребни околу 480 часа со многу непреспиени ноќи. Благодарение и на нашиот студент Андреј Смилчевски кој полека но сигурно станува експерт во полето на изработка на 3Д модели, се надеваме дека овој принт ќе биде финиширан во најбрз можен рок“, соопштуваат од М3ДС академијата.