MИ6 веројатно не би го вработила James Bond

Британската тајна разузнавачка служба воведува нови критериуми за регрутација, кои се фокусираат на „човечката страна“ на работењето во MИ6. Имајќи го тоа предвид, не веруваат дека James Bond би успеал да влезе во службата.

„James Bond веројатно не би бил успешен доколку аплицира за работа во SIS“, изјавил извор од разузнавачката служба за Buzzfeed.

„Службата која тој ја претставува не е современата реалност. Тимската работа е најважна за способноста на Тајната разузнавачка служба да ги пренесе информациите, а хероите кои работат сами често не можат да постогнат многу“.

Бројот на луѓе кои аплицираат за работа во SIS се очекува да се зголеми после премиерата на Spectre, Бонд филм кој прави работењето во тајната служба да изгледа погламурозно од било кој филм досега.

Но, M16 потенцираат дека да се биде вечен самотник како 007 не значи дека тој е добар шпион, со оглед на тоа што работата бара да се биде близок со членовите на тимот, како и со странските контакти.

„Да се има висок степен на емоционална интелигенција е исто толку важно за SIS колку и образованието“, додава изворот. „Бараат луѓе со вистинска страст за комуникација со луѓе, кои ги разбираат другите и се справуваат со понекогаш комплексната природа на човечките врски“.

Извор: Independent