Лутфиу: Демократијата е начин за учество на младите во креирање политики за отворено општество

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу присуствуваше на министерска конференција „Обезбедување на демократија преку образованието“ во Никозија, Република Кипар, каде во своето обраќање истакна дека вредностите како што се демократијата, правдата, еднаквоста, одговорноста и почитта се основни уставни принципи на современите општества.

„Еден од најважните поими на социолошките истражувања е наблудувањето, анализата на вредностите во општеството, нивното влијание врз животот и културата на граѓаните во политиката и донесувањето на одлуки“, рече министерот Лутфиу, додавајќи дека образованието има важна улога во развојот и  проширувањето на основните вредности.

Меѓународните институции, потенцираше Лутфиу, спроведуваат одредени општествени вредности кои служат за изградба на едно стабилно општество.

Според Лутфиу, деократијата е форма на владеење и начин на учествување на граѓаните, особено на младите во процесот на креирање политики за вистинските вредности на отвореното општество.

„Граѓанското општество е еден од основните столбови на демократските вредности на современото општество, затоа што преку активностите има  важна улога на општествените процеси со цел создавање на поволна средина за учество на сите општествени слоеви во динамиката и социјалните бенефиции“, напомена Лутфиу, додавајќи дека Македонија е земја во транзиција со  општеството за која ние се стремиме да се живее во функционална демократија, да најдеме начин за полесно интегрирање во здруженијата или евро- атлантските структури со цел на развој и стабилност.

Нашата земја, истакна тој, претставува општество составена од различни националности, култури и религии и секој ден се соочуваме со предизвици со цел да ги чуваме со  гордост нашите вредности и истовремено да ги промовираме истите.

„Младите генерации треба да ги научат демократските вредности на рационалното општество, треба да учествуваат во иницијативи за унапредување на слободата и човековите права, да се вклучуваат во  промените и трансформациите во општеството како и  да учествуваат на донесување одлуки  во локално и централно ниво“, истакна во своето обраќање Лутфиу.

Инаку, конференцијата во Кипар беше организирана во рамките на Кипарското претседателство со Комитетот на Министри на Советот на Европа. На неа присуствуваа сите министри за образование на Европа.